Вчеравечер во 20.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во гостиварско Чегране се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Чегране и патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Чегране.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.