На 15.09.2022 околу 16.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници затекнале малолетник од Битола при обид да одземе пари од каса на продажен објект.

Парите му се одземени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците  – соопштија од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.