Малолетник од Скопје е приведен вчера од полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.

МВР информира дека малолетникот вчера околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош одзел златен ланец од вратот на жена. Со малолетникот бил извршен службен разговор од полициски службеници од малолетничка деликвенција.

Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.