Тројца малолетници се уапсени, а еден малолетник и двајца дваесетгодишници се хосиптализирани со повреди за време на синоќешниот концертот по повод 20-годишнината од формирањето на ДУИ на плоштадот Скендербег во Скопје.
Како што соопшти МВР, синоќа во Полициската станица Битпазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје, од кои биле одземени два ножа.
Тројцата на плоштадот Скендербег во Скопје околу 23.00 часот, каде се одржувал јавен собир организиран од политичката партија, пред завршување на настанот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичката пресметка со друга група на лица, а биле употребени и остри предмети, соопшти МВР.
На клиника за хируршки билести „Свети Наум Охридски“ биле донесени со повреди од остар предмет 15-годишник од Арачиново, 20-годишник од Танушевци и 20-годишник од Брест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.