Две лица се повредени во сообраќајка која се случи вечерва во 19:10 часот на кружниот тек на излезот од Струмица кон Радовиш.

Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила. Повредени се возачот и сопатникот од едното возило, кои се пренеси на лекување на струмичката болница.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.