Во СВР Охрид вчера бил извршен службен разговор со Ѓ.Р.(34) од Охрид. Полицијата постапила по претходна пријава од Центарот за социјални работи Охрид дека тој вознемирувал и следел две малолетнички од Охрид, ќерки на неговата партнерка.
Како што информира денеска МВР, како што пријавиле малолетничките во Центарот за социјални работи, тој со уцена принудил една од нив да го бакне, а настанот го снимал со мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.