Вчера во 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(33) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.