Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при скопското СВР вчера лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој на 22 август на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ одзел лични предмети од скопјанка.

Лицето било задржано во полициска станица, а од судија за деца изречено е решение за извршување на заводска воспитна мерка во Воспитно поправен дом Тетово, по што малолетникот бил спроведен во домот, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена и соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.