Припадници на четиричлено семејство од Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што во текот на вчерашниот ден се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција. Сообраќајката се случила кога, од засега непознати причини, нивниот автомобил излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што пишуваат медиумите од cеверна Грција, несреќата се случила околу 8.15 часот утрото, а во возилото биле брачен пар на возраст од 48 и 50 години и нивните две малолетни деца на 11 и 15 години.
Автомобилот излетал од патот и се превртил, а во сообраќајката не учествувале други возила.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека десет пожарникари со шест возила интервенирале за мажот да биде извлечен од превртеното возило, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.