Автобус на македонскиот превозник „Метак транс“ во петокот вечерта целосно изгоре во подметнат пожар во германскиот град Билефелд, а сопственикот Станко Цонев се сомнева на нелојалната конкуренција од диви таксисти со комбиња од Македонија.

Од 18 декември почнавме да сообраќаме два пати неделно од Струмица за Билефелд како единствена регуларна автобуска линија од југоисточниот дел на Македонија до Германија. Се сомневам дека ова е одмазда од дивата конкуренција од Македонија, поврзана со корумпирани полицајци и цариници коишто ја штитат – вели Цонев за „Експрес.мк“.

Цонев веќе 11 години се занимава со овој бизнис и од Нова година се вратил со семејството од Италија со намера да работи од Македонија. Има девет автобуси и 15 вработени возачи, повеќето од пропаднатата „Македонија сообраќај“.

Неговата компанија вози и до Италија и сака да се прошири, но, Цонев вели дека тешко ќе успее во тоа, бидејќи како што истакнува, „во нашата држава ништо не функционира“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.