Македонката Наташа Соврановски, која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија, е пронајдена мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство.
Телото на 25-годишната девојка е пронајдено во шумска област во близина на Штутгарт. Осомничен за убиството е 45-годишен маж кој, како што наведува полицијата, имал лична врска со Соврановски. Тој е уапсен и се наоѓа во притвор, а официјално се сомничи за убиство од небрежност…
Германската полиција ги повика можните сведоци или сите кои имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката, да ја контактираат.
Наташа последен пат била видена на втори септември во 20:15 часот во Бад Тејнах-Завелштајн и оттогаш ѝ се загуби секаква трага.
Од македонското МНР за Канал 5 потврдуваат дека германската полиција ги информирала за сите детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.