Мајка и две малолетни деца од Конго се забележани во камион на Царинскиот терминал во Штип. Според извештајот на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип трите лица биле забележани од возачот на камионот, кој веднаш го пријавил случајот.
Денеска во 7:10 часот во СВР Штип Н.М.(46) од Гевгелија, кој управувал товарно возило со гевгелиски регистарски ознаки пријавил дека на царински терминал во Штип во товарниот дел од возилото забележал три лица мигранти од Конго, меѓу кои две малолетни. Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.