Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за киднапирање и двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е екстрадиран во Македонија.

Вечерва тој слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“.

Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега.

На Палевски веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно.

Палевски е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.