Откако фамилијарно труење во Скопје заврши фатално за 47-годишна жена, во јавноста се појавија голем број на шпекулации.

Дали се работи за високо количество на инсектицид во празот, дали отровот бил случајно ставен во брашното или пак бил намерно подметнат, се актуелни прашања на социјалните мрежи.

Со цел да се запрат шпекулациите, блиско лице на фамилијата се обратило до „Фокус“ (идентитетот е познат на редакцијата). Како што тврди извор, станува збор за ненамерна грешка која имала кобен епилог.

Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. Тоа е жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат“, вели нашиот извор.

На прашањето зошто семејството чувало таков силен и забранет отров, вели дека го чувале против глувци.

Настанот беше објавен и во дневниот билтен на МВР пред неколку дена, и во него беше наведено дека од Клиниката за токсикологија во полициска станица во Кисела Вода било пријавено дека кај нив биле донесени три лица од Скопје, затруени со домашна храна, која била направена во нивниот дом.

Повеќе на „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.