23-годишното момче кое беше најдено мртво во фирма на булеварот „Србија” во Скопје починало како последица од пад на лифт за транспорт на роба, пишува порталот МКД.мк.

Според информациите на порталот за сега случајот се води како несреќа.

Од Обвинителството во врска со настанот за МКД.мк одговориле дека издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за, како што велат од таму, несреќата. На местото на настанот бил повикан и Државниот инспекторат за труд кој треба да ја провери исправноста на лифтот.

Надлежен јавен обвинител веднаш по настанот издаде повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. Освен издадената наредба за обдукција на починатиот, повикан е Државниот инспекторат за труд да изврши детална контрола на работењето на фирмата, како и техничка инспекција да ја провери исправноста на лифтот. Доколку при проверките од соодветните институции биде утврдена кривична одговорност, тие своите извештаи ќе ги достават на надлежно постапување на јавното обвинителство, стои во одговорот од Обвинителството до МКД.мк.

Обвинителството, според доказите кои се чекаат од издадените наредби за вештачења треба да утврди дали овој случај ќе биде затворен како несреќа или ќе има кривична одговорност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.