МВР соопшти дека на 30 април во СВР Тетово, 51-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од А.Л.(29) од Тетово.
Според пријавеното, во текот на 2019 година, откако со неколку други лица биле повредени во сообраќајна незгода, бил контактиран од А.Л., кој се претставил како агент од осигурителна компанија и им понудил по 500 евра за обештетување за повредите во незгодата. Како што е пријавено, откако се согласиле и потпишале документи, парите им биле дадени на рака.
Според пријавеното, во текот на 2023 година добиле судски покани во врска со наведената сообраќајна незгода, а осигурителната компанија барала обештетување од нив во износ од 9.200 евра, пари кои никогаш лично не ги добиле од компанијата, ниту, пак, ополномоштиле адвокат или лице да ја води нивната постапка, по што сфатил дека биле доведени во заблуда и измамени од А.Л..
Се преземат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.