Купувач нападнал касиер во КАМ маркет, затоа што овој му кажал да стави заштитна маска.
Како што информираат од МВР, вчеравечер во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегол маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало.
На видеото снимено со телефон кое го објави А1он се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а неговите колешки се обидуваат да го оттргнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.