Полицијата приведе кумановец баран за доиздржување затворска казна. 

Вчера  во 06:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Е. (30) од Куманово. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор, соопштија од СВР Куманово.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шење за доиздржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.