Вчера во 16.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул. „315“ и ул.„312“ во Куманово, патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од с.Долно Којнаре, кумановско, удрило во велосипед управуван од малолетник од с.Лопате, општина Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.