Вчера во 15:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (26) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил кражба во склад за огревни дрва на бул.„Трета македонска ударна бригада“ и во деловен објект на ул.„Иво Лола Рибар“, од каде одзел повеќе предмети. С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.