Тоа што го наумиле, тоа и го образложија, е првата изјава на таткото на Бојан Јовановски – Боки13, по изречените пресуди во судскиот процес „Меѓународен сојуз“ во кој тој доби условна казна, а неговиот син Бојан е осуден на 9 години затвор.

Денеска умре правдата во Македонија, дефинитивно се покажа како умрени и
обвинителството на Русковска и судството на Џолев и на неговите јастреби. Слушнавме одмазднички пресуди, донесени без докази. Наместени онака како што нив им одговара. Ете, така се суди во земјава. Нема правда и Македонците, Албанците и сите други кои живеат овде во Македонија, нека не ја чекаат правдата зашто е умрена. Ниту во Занзибар не може да се случат вакви пресуди, рече Јовановски.

Тој нагласи дека и поранешниот премиер Зоран Заев знаел за активностите на „Меѓународен сојуз”, но сега, рече, и тој и другите, се кријат и молчат.

Според Миле Јовановски, станува збор за одмаздничка пресуда затоа што, како што рече, Бојан презентирал пораки од мобилниот телефон кои се инкриминрачки за обвинителката Вилма Русковска, но и за други функционери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.