Жена загина, а четири лица се тешко повредени во четири сообраќајни несреќи во кои биле прегазени пет лица во текот на вчерашниот ден.

Првиот инцидент се случил утрото  во 09.30 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, кога патничко моторно возило „опел виваро“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ж.Р.(47) од Тетово удрило во Ж.А.(80) од Тетово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово, информираат од МВР, додавајќи дека извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Несреќата околу 18 часот, пак, беше кобна за 79-годишна кичевчанка, која загина на лице место.

Во 19.00 часот било пријавено дека на ул.„Томе Арсовски“ во Скопје товарно моторно возило „фиат добло карго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.С.(48) од Скопје удрило во Н.М.(88) и Р.П.(88), двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Н.М. и Р.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќта во 22.55 часот, пак, било пријавено дека во Охрид на ул.„Јане Сандански“ патничко моторно возило „цитроен“ со српски национални ознаки управувано од И.Н.(48) од Србија удрило во М.Н.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н. констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.