СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривични пријави против С.Р.(27), Ф.С.(35) и А.Ш.(25), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.
На 11.12.2021, пријавените С.Р. и Ф.С. биле затекнати во угостителски објекти без сертификати за вакцинација против Ковид–19, што е спротивно на мерките на Владата за забрана за влез во угостителски објекти на лица без сертификат за вакцинација.
Додека, пак, пријавениот А.Ш. на 22.12.2021 бил затекнат надвор од својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид-19 и имал решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за домашно лекување и изолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.