Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 22.11.2024 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот пукал кон Љ.А., но не го погодил. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.