СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро“, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца, со што предизвикале материјална штета од околу 502.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.