СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(53) од селото Велмеј, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Како што соопштува МВР, пријавениот, директор на ЈП„Национални шуми“- Шумско стопанство „Галичица“ – Охрид, во текот на 2023 година не извршил надзор и контрола во сметководствената документација помеѓу извештајот за извршен превоз и направени трошоци за возила, како и врз евиденцијата за точено гориво со пристигнатите фактури.
Со тоа тој го оштетил ЈП „Национални шуми“ за износ од 1.079.689 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.