Кривичен суд ќе има вонредна контрола по барањето на Боки 13.

По поднесената претставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22 , денеска до бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзините наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот Владимир Туфегџиќ, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.