Полициски службеници уапсиле лице од скопско Батинци барано со централна потерница за сторени кривични дела.

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје синоќа во 22:15 часот на улица „Ленинова“ во Скопје, го лишиле од слобода Б.Р. (24) од село Батинци, скопско. Тој бил баран по централна потерница од Основното јавно обвинителство Скопје за спроведување истражна постапка, поради сомнение за сторени кривични дела по член 258 и член 141 од Кривичниот законик – посочуваат од МВР.

На лицето му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.