Кафулето „Барон“ во Чаир е најчестото сврталиште на криминалните групи од Скопје. Нема кој не го знае овој популарен кафе бар отаде Вардар. Во „Барон“ се тера кафе шема со еспресо и лажичка во уста но и се водат „деловни“ разговори.

По ова кафуле името го добила и познатата криминална група која оперира по скопскиот регион. Во неа воглавно се наоѓаат повратници од боиштата од Сирија и Ирак, но Раде Штекли кој преживеа „атентат“ во „Ист Гејт“.

„Барон“ екипата соработува со групата „Беланоца“ и се во отворена улична војна со криминалните групи Дуќанџик/Грчец. Фино друштво“ зарем не?

Но, во „Барон“ не секогаш е безбедно. Синоќа таму беше подметнат пожар а неколку часа подоцна е застрелан Зелкиф Туша, таткото на притворениот Гани Туша кој е осомничен за учество во убиствата на припадници на кланот Грчец во Шиша Бар и на Халкидики. Гани Туша е припадник на бандата Барон.

Обвинителството и полицијата истражуваат истражуваат каква е  поврзаноста на пожарот и убиството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.