Повеќе улици во Струмица со денови се без улично осветлување поради диво приклучување и влегување во две трафостаници.
Од ЈП Паркиралишта, задолжено за одржување на уличното осветлување, информираат дека заради приклучување на диви потрошувачи на трафостаницата наречена Олимписко село без осветлување е улицата Бетовенова во Турското маало, а уште шест улици во градот се без светло откако изгоре броилото поради насилно влегување трафостаницата наречена Маларична.
Од претпријатието апелираат до граѓаните, дека лицата кои на диво се приклучуваат на столбовите за улично осветлување и намерно предизвикуваат штети дека прават кривично дело и дека ќе се преземат чекори за нивно откривање и изрекување соодветни казни.
Се најавува дека проблемот со немањето улично осветлување денеска ќе биде решен со поставување на ново електрично броило од страна на ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.