Полициски службеници од СВР Велес, во 12:40 часот, го лишиле од слобода А.Д. (19) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Како што соопшти МВР, околу 11:55 часот тој од бутик во Велес одзел производи, но бил забележан од вработената која успеала да го врати одземеното, а набрзо бил пронајден од полициски службеници и приведен во полициска станица.

За настанот известен јавен обвинител и по негово документирање против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.