Полициски службеници од ОВР Пробиштип утрово во 00:30 часот, ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип.

Како што информираа од МВР, тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

При извршениот преглед кај Р.П. биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тие биле приведени во полициска станица и целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.