Полковникот Драган Ковачки реагира дека специјални сили упаднале во озлогласеното село Грчец, но не за да уапсат наркобос, туку да констатираат дека нерегистриран угостителски објект не поседувал фискална каза.

Полицајци од Бирото за јавна безбедност и Единицата за брзо распоредување, заедно со УЈП и пазарниот инспекторат, синоќа на полноќ го затвориле угостителскиот објект на наркобосот Шевељ Муареми во Грчец. МВР објави дека кафеаната не била регистрирана, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19 и е запечатена со издадени глоби. Имало присуство на тројца малолетници, а кај едно лице е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од МВР. Шеваљ Муареми е во бегство, а неговото име е претходно поврзано со пукањето во хотелот Александар Палас.

Минатата година правеа акција “Планина” во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој.

Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со специјалци од МВР, инспектори од Пазарна, Трудова итн. Што е исходот?
Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож.

Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!!

На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр.
За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив“, напиша Ковачки на Фејсбук, инаку кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.