Педесетиседум годишен жител од кочанско починал откако бил прегазен од тракторот од кој паднал.
На 08.07.2022 во Полициска станица Кочани е пријавено дека на 07.07.2022 година во Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје, починал Б.К.(57) од с.Теранци, кочанско.
Тој на 29.06.2022 бил донесен кај нив со повреди. Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад пред трактор, управуван од С.Г.(81), а по дополнително извршени проверки од страна на полициските службеници е констатирано дека лицето било удрено со трактор.
За случајот е известен Јавен обвинител – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.