Триесет и петгодишен кочанчанец е тешко повреден откако возејќи мотоцикл изгубил контрола и паднал.

Вчера во 17.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„14 Бригада“ и ул.„Цар Самоил“ во Кочани, Е.С.(35) од Кочани, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.А.(43) од Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани“, информираат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.