Полициски службеници од СВР Скопје завчера околу 18.15 часот од седиште на правно лице на подрачјето на Карпош ги лишеле од слобода Б.П.(56), Н.П.(50), М.П.(25), С.П.(19) и О.Р.(31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена околу 17.00 часот од страна на 52-годишна жена од Скопје, според која претходната вечер Б.П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг, информираат од МВР.
По преземени мерки и активности од страна на инспектори од Единицата за насилен криминал, по насока на дежурен Јавен обвинител и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б.П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.