На улица „Маршал Тито“ во Кичево синоќа околу 18.50 часот полициски службеници од Одделението за недoзволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Т. (53) од кичевското село Мамудовци.

При претрес во неговиот дом и други простории и во неговото возило „Гранд Чироки“, со кичевски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Екол специјал 99“ со празна рамка и пет моторни пили.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.