Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје, биле изречени вкупно 155 мерки.

-Од изречените мерки, 23 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за користење мобилен телефон при управување, 10 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од МВР.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.