Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.