Вкупно 205 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава во акцијата на Министерството за внатрешни работи за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што информира денеска МВР, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Вкупно 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.