Кавадаречки пожарникари заминале да помогнат при гаснење на пожарот во Неготинско, информираат од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Во пожарот што го зафати просторот близу неготинското село Пепелиште, интервенираат и пожарникари од ТППЕ Кавадарци. Со три возила, шест пожарникари и цистерна од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, се помага во гаснење на големиот пожар, се додека истиот не се стави под контрола, соопштија од Противпожарната единица.

Пожарот кај Пепелиште има зафатено површина од околу 300 хектари и се очекува да пристигне и хеликоптер за помош при гаснењето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.