Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото.
Ова на денешното рочиште за тешката сообраќајка кај „Сити мол“, го кажа возачот Јордан Ѓоргиев. Тој изрази каење и го призна делото за кое му се суди „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците за постапката, како и имотно правните побарувања, рече Ѓоргиев.
Во тешката сообраќајка на 20 јануари на лице место загина 24-годишната Викторија Николова, додека нејзиното момче Леонид Даов беше тешко повредени. Во нив, движејќи се со брзина над дозволената, удри Ѓоргиев со своето возило, додека тие преминуваа улица.
Повеќе детали од рочиштето на А1он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.