Возачот кој ја стори сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина. Tој пред судијката Љубинка Башевска рече дека се чувствува виновен. Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците за постапката, како и имотно правните побарувања“, пренесе „А1он“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.