Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска МВР, во понеделникот со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и три шок бомби.
Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.