Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар, пишува порталот НетПрес.

Според „НетПрес“ Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец.

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.