Полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар во 01:05 часот на булевар „ВМРО“ во Скопје ги лишиле од слобода С. М. (42) и В. Т. (24), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека вчера околу 23:00 часот на булевар „Гоце Делчев“ физички ја нападнале А. Ц. (36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.