Вчера во 01.30 часот изутрина на подрачјето на Центар од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода Е.Ц.(29) од с.Долно Коњари, скопско.

Кај него биле пронајдени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и пари, кои се одземени и предадени за вештачење.

Лицето е приведено и задржано во Полициска станица Гази Баба. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.