На 10.05.2023 во 19.00 часот кај клучка Демир Капија на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле оставено патничко возило „фолксваген туарег“ со регистарски таблички од друго возило.
Во 20.30 часот, при проверка на теренот, во близина на возилото полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово пронашле седум лица мигранти од Сирија. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар, а возилото било одземено за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.