Маж од село Брест на пат за Арачиново застанал кај една чешма и паднал. Бил погоден од куршум во главата.

Во СВР Скопје, вчера во 18.52 часот, од Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно бил донесен А.С.(29) од село Брест, Скопско.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, околу 17.30 часот на патот кон село Арачиново, скопско, тој застанал до чешма, при што почувствувал удар во главата и паднал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.