Сопственикот на фирмата „Беса-транс“, во чиј автобус во Бугарија лани во ноември загинаа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, ќе одговара за фалсификување исправа откако Скопското обвинителство ја заврши истрагата и поднесе обвинение до судот.

Обвинетиот употребувал лажна лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот сообраќај, која што воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски.

Сопственикот лажната лиценца им ја давал на шоферите на автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница.

Со опишаните дејствија обвинетиот сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик, а правниот субјект сторил кривично дело – Фалсификување исправа по чл. 378 ст. 4 вв со ст.3 вв со ст.1 вв со чл. 45 од Кривичниот законик“, соопштуваат од Јавното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.